раскикоти

Глагол, свршен

Значење на раскикоти:

Засмее, насмее, предизвика гласна смеа кај некого. Тој ги раскикоти присутните со своите досетки. Смешните инсерти ги раскикотија присутните.

Коњугација: раскикотат.

Изведени зборови:

  • раскикотување, глаг. им. ср.
  • се ~ раскикоти, Се засмее, почне гласно да се смее, се искикоти силно, многу и зачестено. Двајцата силно и гласно се раскикотија. Селаните се раскикотија. Публиката се раскикоти.
  • (се) раскикотува, глаг. повт. (се) раскикотуваат

Оригинални податоци:

раскикоти, раскикотат св. Засмее, насмее, предизвика гласна смеа кај некого. Тој ги раскикоти присутните со своите досетки. Смешните инсерти ги раскикотија присутните. ● се ~ Се засмее, почне гласно да се смее, се искикоти силно, многу и зачестено. Двајцата силно и гласно се раскикотија. Селаните се раскикотија. Публиката се раскикоти. ‖ (се) раскикотува, (се) раскикотуваат повт. ‖ глаг. им. раскикотување ср.