раскине

Глагол, свршен

Значење на раскине:

1. Скине, искине на парчиња, растргне. Тој го раскина писмото на ситни парчиња. Иван ја раскина кошулата со заби. Кучето го раскина пердето.

2. Раздвои, раздели. Момчето го раскина орото и заигра до девојката. Војските го раскинаа обрачот на две места.

3. Поништи, укине (за договор, за врска). Тие го раскинаа бракот. Дејан ја раскина врската со девојката. По два месеци тие раскинаа. Таа го раскина договорот за работа.

4. (прен.) Премори од многу работа, снемошти. Ние го раскинавме детето од работа. Мајсторот ги раскина од работа.

5. (прен.) Растажи во голема мера, до болка. Таа ми го раскина срцето. Синот му ја раскина душата.

Коњугација: (ќе) раскинеа , (ќе) раскинев , (ќе) раскинел, раскинаа , раскинав , раскинал , раскинат , раскинат , раскинете , раскини .

Изведени зборови:

  • раскинување, глаг. им. ср. раскинување, PLUR_раскинувања Непотребни раскинувања. Чести раскинувања.
  • се ~ раскине, 1. Се скине, се растргне, се стори парчиња. Фустанот се раскина од многу носење. Пердињата се раскинаа од перење. Книгата се раскина од читање. 2. Се премори од многу работа. Ние се раскинавме од чистење. Јас се раскинав од работа.
  • (се) раскинува, глаг. несв. (се) раскинуваат

Оригинални податоци:

раскине, раскинат; раскини, раскинете; раскинав, раскинаа; раскинал; раскинат; (ќе) раскинев, (ќе) раскинеа; (ќе) раскинел св. 1. Скине, искине на парчиња, растргне. Тој го раскина писмото на ситни парчиња. Иван ја раскина кошулата со заби. Кучето го раскина пердето. 2. Раздвои, раздели. Момчето го раскина орото и заигра до девојката. Војските го раскинаа обрачот на две места. 3. Поништи, укине (за договор, за врска). Тие го раскинаа бракот. Дејан ја раскина врската со девојката. По два месеци тие раскинаа. Таа го раскина договорот за работа. 4. (прен.) Премори од многу работа, снемошти. Ние го раскинавме детето од работа. Мајсторот ги раскина од работа. 5. (прен.) Растажи во голема мера, до болка. Таа ми го раскина срцето. Синот му ја раскина душата. ● се ~ 1. Се скине, се растргне, се стори парчиња. Фустанот се раскина од многу носење. Пердињата се раскинаа од перење. Книгата се раскина од читање. 2. Се премори од многу работа. Ние се раскинавме од чистење. Јас се раскинав од работа. ‖ (се) раскинува, (се) раскинуваат несв. ‖ глаг. им. раскинување, мн. раскинувања ср. Непотребни раскинувања. Чести раскинувања.