раскисели

Глагол, свршен

Значење на раскисели:

1. Направи нешто да стане кисело. Таа им ја раскисели салатата со јаболков оцет.

2. (прен.) Онерасположи, направи да стане невесел. Тој ми го раскисели денот. Нејзиното присуство ги раскисели гостите.

Коњугација: раскиселат.

Изведени зборови:

  • раскиселување, глаг. им. ср.
  • се ~ раскисели, 1. Стане кисело, со кисел вкус. Зимницата веќе се раскисели. Виното се раскисели. 2. (прен.) Се онерасположи, се разочара, се скисели, го изгуби доброто расположение. Кога ја виде на улица, тој се раскисели. Одеднаш таа се раскисели.
  • (се) раскиселува, глаг. несв. (се) раскиселуваат

Оригинални податоци:

раскисели, раскиселат св. 1. Направи нешто да стане кисело. Таа им ја раскисели салатата со јаболков оцет. 2. (прен.) Онерасположи, направи да стане невесел. Тој ми го раскисели денот. Нејзиното присуство ги раскисели гостите. ● се ~ 1. Стане кисело, со кисел вкус. Зимницата веќе се раскисели. Виното се раскисели. 2. (прен.) Се онерасположи, се разочара, се скисели, го изгуби доброто расположение. Кога ја виде на улица, тој се раскисели. Одеднаш таа се раскисели. ‖ (се) раскиселува, (се) раскиселуваат несв. ‖ глаг. им. раскиселување ср.