расклати

Глагол, свршен

Значење на расклати:

1. Направи да стане лабаво, да се клати. Забарот прво ми го расклати забот, па потоа го извади. Децата го расклатија столот. Тешките книги ја расклатија полицата.

2. Протресе, заниша силно. Тој го грабна силно и му ги расклати рамениците. Таа ја расклати водата во шишето.

3. (прен.) Направи да стане несигурно, расколеба некого. Тој ја расклати нашата верба кон партијата. Таа ја расклати врската меѓу младите.

4. (прен.) Наруши нечие здравје. Лошиот живот и сиромаштијата ѝ го расклатија здравјето.

Коњугација: расклатат.

Изведени зборови:

  • расклатување, глаг. им. ср.
  • се ~ расклати, 1. Почне да се клати, да се ниша, да се лула. Забите на детето му се расклатија. Зградите силно се расклатија од земјотресот. 2. (прен.) Стане несигурно, изгуби верба. Дисциплината се расклати во одделението. Нашата верба во момчето се расклати. Нивната врска се расклати. Бракот им се расклати. 3. (прен.) Изгуби или наруши здравје, снемошти. По смртта на синот нејзиното здравје се расклати. Нервите му се расклатија на стариот откако го препиша имотот.
  • (се) расклатува, глаг. повт. (се) расклатуваат

Оригинални податоци:

расклати, расклатат св. 1. Направи да стане лабаво, да се клати. Забарот прво ми го расклати забот, па потоа го извади. Децата го расклатија столот. Тешките книги ја расклатија полицата. 2. Протресе, заниша силно. Тој го грабна силно и му ги расклати рамениците. Таа ја расклати водата во шишето. 3. (прен.) Направи да стане несигурно, расколеба некого. Тој ја расклати нашата верба кон партијата. Таа ја расклати врската меѓу младите. 4. (прен.) Наруши нечие здравје. Лошиот живот и сиромаштијата ѝ го расклатија здравјето. ● се ~ 1. Почне да се клати, да се ниша, да се лула. Забите на детето му се расклатија. Зградите силно се расклатија од земјотресот. 2. (прен.) Стане несигурно, изгуби верба. Дисциплината се расклати во одделението. Нашата верба во момчето се расклати. Нивната врска се расклати. Бракот им се расклати. 3. (прен.) Изгуби или наруши здравје, снемошти. По смртта на синот нејзиното здравје се расклати. Нервите му се расклатија на стариот откако го препиша имотот. ‖ (се) расклатува, (се) расклатуваат повт. ‖ глаг. им. расклатување ср.