расклепа се 1

Глагол, свршен

Значење на расклепа се :

1. Засилено почне да клепа, да остри со ковање. Мајсторите се расклепале, ги острат секирите.

2. Испушти звук со клепало. Еден селанец се расклепал со старото црковно клепало.

3. (прен.) Почне многу да дрдори и да озборува. На улицата се расклепале жените.

4. (прен.) Се распише многу, ама без некоја вредност. Се расклепал, не знае која книга му е по ред.

Коњугација: се расклепаат.

Изведени зборови:

  • се расклепува, глаг. повт. се расклепуваат

Оригинални податоци:

расклепа се1, се расклепаат св. 1. Засилено почне да клепа, да остри со ковање. Мајсторите се расклепале, ги острат секирите. 2. Испушти звук со клепало. Еден селанец се расклепал со старото црковно клепало. 3. (прен.) Почне многу да дрдори и да озборува. На улицата се расклепале жените. 4. (прен.) Се распише многу, ама без некоја вредност. Се расклепал, не знае која книга му е по ред. ‖ се расклепува, се расклепуваат повт.