расклика се

Глагол, свршен

Значење на расклика се:

1. За некои птици ‒ почне силно, зачестено да клика. Птиците се раскликале. Орелот се раскликал.

2. За човек ‒ почне силно да извикува од восхит. Матурантите се раскликале во училишниот двор. Девојките се раскликале.

Коњугација: се раскликаат.

Изведени зборови:

  • се раскликува, глаг. несв. се раскликуваат

Оригинални податоци:

расклика се, се раскликаат св. 1. За некои птици ‒ почне силно, зачестено да клика. Птиците се раскликале. Орелот се раскликал. 2. За човек ‒ почне силно да извикува од восхит. Матурантите се раскликале во училишниот двор. Девојките се раскликале. ‖ се раскликува, се раскликуваат несв.