раскол

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на раскол:

1. Расцеп, отпадништво од црквата, во религијата и во верски и друг вид идеолошки заедници (организација, партија) ‒ верување што не е во согласност со постојното учење, одвојување, разделување, цепење, шизма. Раскол во христијанството, познат како Големата шизма или Големиот раскол. Тој размислува за раскол и за формирање нова верска институција. Расколот во црквата предизвика формирање групи.

2. Внесување раздор, разногласие, расправија, недоразбирање, несогласување, караница. Тој направи раскол меѓу селаните. Нејзиното доаѓање предизвика раскол во семејството.

Оригинални податоци:

раскол (само едн.) м. 1. Расцеп, отпадништво од црквата, во религијата и во верски и друг вид идеолошки заедници (организација, партија) ‒ верување што не е во согласност со постојното учење, одвојување, разделување, цепење, шизма. Раскол во христијанството, познат како Големата шизма или Големиот раскол. Тој размислува за раскол и за формирање нова верска институција. Расколот во црквата предизвика формирање групи. 2. Внесување раздор, разногласие, расправија, недоразбирање, несогласување, караница. Тој направи раскол меѓу селаните. Нејзиното доаѓање предизвика раскол во семејството.