расколеба

Глагол, свршен

Значење на расколеба:

Предизвика колебање, сомневање кај некого, предизвика неувереност во нечии постапки и намери. Тој ги расколеба селаните. Таа ги расколеба младите. Тој ги расколеба присутните. Тажниот настан ги расколеба сите.

Коњугација: расколебаат.

Изведени зборови:

  • расколебување, глаг. им. ср.
  • се ~ расколеба, Се поколеба, се посомнева, се појави чувство на колебање, на сомнеж, загуби самодоверба и увереност, се пишмани. Тој се расколеба и не отиде на кино. Кога виде како поминаа другите, лесно се расколеба.
  • (се) расколебува, глаг. несв. (се) расколебуваат

Оригинални податоци:

расколеба, расколебаат св. Предизвика колебање, сомневање кај некого, предизвика неувереност во нечии постапки и намери. Тој ги расколеба селаните. Таа ги расколеба младите. Тој ги расколеба присутните. Тажниот настан ги расколеба сите. ● се ~ Се поколеба, се посомнева, се појави чувство на колебање, на сомнеж, загуби самодоверба и увереност, се пишмани. Тој се расколеба и не отиде на кино. Кога виде како поминаа другите, лесно се расколеба. ‖ (се) расколебува, (се) расколебуваат несв. ‖ глаг. им. расколебување ср.