раскопа

Глагол, свршен

Значење на раскопа:

1. Со копање направи, прошири бразда; изврши обработка на земја со копање; копа 1 и 4. Тој ја раскопа нивата. Кртови ја раскопале градината.

2. Со копање разрие. Селаните го раскопаа патот до селото. Тешките камиони ја раскопаа улицата.

3. Изврши раскопки на земјата, обично за да пронајде нешто. Група археолози го раскопаа Виничкото Кале. Спасувачките екипи ги раскопаа урнатините.

Коњугација: раскопаат.

Изведени зборови:

  • раскопување, глаг. им. ср.
  • се ~ раскопа, 1. Почне да копа со засилен интензитет. Работниците се раскопале за да завршат уште денес. Таа се раскопала низ градината, глава не крева. 2. Почне да се ништи, да се распаѓа. Темелите на старата куќа се раскопале. Ѕидот се раскопал од надворешната страна.
  • (се) раскопува, глаг. несв. (се) раскопуваат

Оригинални податоци:

раскопа, раскопаат св. 1. Со копање направи, прошири бразда; изврши обработка на земја со копање; сп. копа 1 и 4. Тој ја раскопа нивата. Кртови ја раскопале градината. 2. Со копање разрие. Селаните го раскопаа патот до селото. Тешките камиони ја раскопаа улицата. 3. Изврши раскопки на земјата, обично за да пронајде нешто. Група археолози го раскопаа Виничкото Кале. Спасувачките екипи ги раскопаа урнатините. ● се ~ 1. Почне да копа со засилен интензитет. Работниците се раскопале за да завршат уште денес. Таа се раскопала низ градината, глава не крева. 2. Почне да се ништи, да се распаѓа. Темелите на старата куќа се раскопале. Ѕидот се раскопал од надворешната страна. ‖ (се) раскопува, (се) раскопуваат несв. ‖ глаг. им. раскопување ср.