раскости

Глагол, свршен

Значење на раскости:

1. Раздели на составни делови ‒ за тело на човек или на животно. Месарите ја раскостија свињата. Тој го раскости телото на умрениот.

2. (прен.) Премори од многу работа; раскине 4. Тие нè раскостија од многу работа.

3. (прен.) Истепа, претепа. Родителите го раскостија детето од тепање.

Коњугација: раскостат.

Изведени зборови:

  • раскостување, глаг. им. ср.
  • се ~ раскости, 1. Се раздели на составни делови. Од паѓањето по скалите дедото се раскости. 2. (прен.) Се премори од многу работа, снемошти од некаква дејност. Тие се раскостија од работа. Јас се раскостив од готвење и од чистење.
  • (се) раскостува, глаг. несв. (се) раскостуваат

Оригинални податоци:

раскости, раскостат св. 1. Раздели на составни делови ‒ за тело на човек или на животно. Месарите ја раскостија свињата. Тој го раскости телото на умрениот. 2. (прен.) Премори од многу работа; сп. раскине 4. Тие нè раскостија од многу работа. 3. (прен.) Истепа, претепа. Родителите го раскостија детето од тепање. ● се ~ 1. Се раздели на составни делови. Од паѓањето по скалите дедото се раскости. 2. (прен.) Се премори од многу работа, снемошти од некаква дејност. Тие се раскостија од работа. Јас се раскостив од готвење и од чистење. ‖ (се) раскостува, (се) раскостуваат несв. ‖ глаг. им. раскостување ср.