раскрши

Глагол, свршен

Значење на раскрши:

1. Скрши на два или на повеќе делови. Таа го раскрши лебот на неколку парчиња. Сватовите ја раскршија погачата. Тој ги раскрши прачките.

2. (прен.) Раздвижи, размрда дел од телото (снага, раце, нозе и сл.). Девојката стана и си ја раскрши снагата. Старата си ги раскрши рацете.

Коњугација: раскршат.

Изведени зборови:

  • раскршување, глаг. им. ср.
  • се ~ раскрши, 1. Се разбие, се скрши. Шишето се раскрши на два дела. Мразот се раскрши. 2. (прен.) Се размрда, се раздвижи. Танчарката се раскрши пред гостите.
  • (се) раскршува, глаг. несв. (се) раскршуваат

Оригинални податоци:

раскрши, раскршат св. 1. Скрши на два или на повеќе делови. Таа го раскрши лебот на неколку парчиња. Сватовите ја раскршија погачата. Тој ги раскрши прачките. 2. (прен.) Раздвижи, размрда дел од телото (снага, раце, нозе и сл.). Девојката стана и си ја раскрши снагата. Старата си ги раскрши рацете. ● се ~ 1. Се разбие, се скрши. Шишето се раскрши на два дела. Мразот се раскрши. 2. (прен.) Се размрда, се раздвижи. Танчарката се раскрши пред гостите. ‖ (се) раскршува, (се) раскршуваат несв. ‖ глаг. им. раскршување ср.