раскрвави

Глагол, свршен

Значење на раскрвави:

1. Направи да потече крв некому, да биде нешто облеано со крв, разрани некого или дел од сопственото тело. Тој му го раскрвави носот. Му ја раскрвавиле главата на кучето. Таа паднала и ја раскрвавила ногата.

2. Извалка со крв. Таа си ја раскрвави облеката превивајќи ранети. Тој ја раскрвави масата додека го сечеше месото.

Коњугација: раскрвават.

Изведени зборови:

  • раскрвавување, глаг. им. ср.
  • се ~ раскрвави, 1. Си предизвика крвавење, си направи да му потече крв, се разрани. Тие се степаа и на крајот се раскрвавија. 2. Стане крвав. Ногата му се раскрвави на момчето.
  • (се) раскрвавува, глаг. несв. (се) раскрвавуваат

Оригинални податоци:

раскрвави, раскрвават св. 1. Направи да потече крв некому, да биде нешто облеано со крв, разрани некого или дел од сопственото тело. Тој му го раскрвави носот. Му ја раскрвавиле главата на кучето. Таа паднала и ја раскрвавила ногата. 2. Извалка со крв. Таа си ја раскрвави облеката превивајќи ранети. Тој ја раскрвави масата додека го сечеше месото. ● се ~ 1. Си предизвика крвавење, си направи да му потече крв, се разрани. Тие се степаа и на крајот се раскрвавија. 2. Стане крвав. Ногата му се раскрвави на момчето. ‖ (се) раскрвавува, (се) раскрвавуваат несв. ‖ глаг. им. раскрвавување ср.