раскуќи

Глагол, свршен

Значење на раскуќи:

Растури, запусти, уништи куќа или семејство, дом со несоодветно стопанисување; Тој го раскуќи домот, ја раскуќи куќата.

Коњугација: раскуќат.

Изведени зборови:

  • раскуќување, глаг. им. ср.
  • се ~ раскуќи, Се растури семејство, дом, куќа. Семејството се раскуќи. Мојот дом се раскуќи. Куќата ми се раскуќи.
  • (се) раскуќува, глаг. несв. (се) раскуќуваат

Оригинални податоци:

раскуќи, раскуќат св. Растури, запусти, уништи куќа или семејство, дом со несоодветно стопанисување; спрот. куќи. Тој го раскуќи домот, ја раскуќи куќата. ● се ~ Се растури семејство, дом, куќа. Семејството се раскуќи. Мојот дом се раскуќи. Куќата ми се раскуќи. ‖ (се) раскуќува, (се) раскуќуваат несв. ‖ глаг. им. раскуќување ср.