раслои

Глагол, свршен

Значење на раслои:

1. Раздели, издели на слоеви нешто што е составено од повеќе слоеви. Тој ги раслои одделните примероци од овие растенија.

2. Подели, издели посебни социјални, имотни, статусни групи, слоеви во општеството. Окупацијата го раслои населението.

Коњугација: (ќе) раслоев , (ќе) раслоеја , (ќе) раслоел, раслоен , раслоив , раслоија , раслоил , раслој , раслојат , раслојте .

Изведени зборови:

  • раслојување, глаг. им. ср.
  • се ~ раслои, Се раздели, се подели по слоеви, стане раздвоено, разделено по некој суштински знак. Населението се раслои во три групи. Уште пред милиони години живиот свет се раслоил.
  • (се) раслојува, глаг. несв. (се) раслојуваат

Оригинални податоци:

раслои, раслојат; раслој, раслојте; раслоив, раслоија; раслоил; раслоен; (ќе) раслоев, (ќе) раслоеја; (ќе) раслоел св. 1. Раздели, издели на слоеви нешто што е составено од повеќе слоеви. Тој ги раслои одделните примероци од овие растенија. 2. Подели, издели посебни социјални, имотни, статусни групи, слоеви во општеството. Окупацијата го раслои населението. ● се ~ Се раздели, се подели по слоеви, стане раздвоено, разделено по некој суштински знак. Населението се раслои во три групи. Уште пред милиони години живиот свет се раслоил. ‖ (се) раслојува, (се) раслојуваат несв. ‖ глаг. им. раслојување ср.