расмее

Глагол, свршен

Значење на расмее:

Предизвика, поттикне кај некого силно смеење. Таа ги расмеа гостите. Прво ги расмеаја, потоа ги растажија. Таа го расмеа до солзи.

Коњугација: (ќе) расмеев , (ќе) расмееја , (ќе) расмеел, расмеав , расмеаја , расмеал , расмеан , расмеат , расмеј , расмејте .

Изведени зборови:

  • расмејување, глаг. им. ср.
  • се ~ расмее, Почне многу да се смее, изрази задоволство со засилено смеење. Момчињата се расмеаја. Тој се расмеа, се расположи и заигра.
  • (се) расмејува, глаг. несв. (се) расмејуваат

Оригинални податоци:

расмее, расмеат; расмеј, расмејте; расмеав, расмеаја; расмеал; расмеан; (ќе) расмеев, (ќе) расмееја; (ќе) расмеел св. Предизвика, поттикне кај некого силно смеење. Таа ги расмеа гостите. Прво ги расмеаја, потоа ги растажија. Таа го расмеа до солзи. ● се ~ Почне многу да се смее, изрази задоволство со засилено смеење. Момчињата се расмеаја. Тој се расмеа, се расположи и заигра. ‖ (се) расмејува, (се) расмејуваат несв. ‖ глаг. им. расмејување ср.