расобуе

Глагол, свршен

Значење на расобуе:

Собуе, отстрани обувки или чорапи од нозете некому или себеси. Таа ги расобу децата и им ги триеше премрзнатите нозе. Тој ги расобу новите чевли.

Коњугација: (ќе) расобуев , (ќе) расобуеја , (ќе) расобуел , расобув , расобуен, расобуј , расобуја , расобујат , расобујте , расобул .

Изведени зборови:

  • расобување, глаг. им. ср.
  • (се) расобува, глаг. несв. (се) расобуваат
  • се ~ расобуе, Собуе обувки или чорапи од своите нозе. Сите гости се расобуја пред врата и боси влегуваа во куќата. Сите верници ќе се расобуеја пред вратата на џамијата.

Оригинални податоци:

расобуе, расобујат; расобуј, расобујте; расобув, расобуја; расобул; (ќе) расобуев, (ќе) расобуеја; (ќе) расобуел; расобуен св. Собуе, отстрани обувки или чорапи од нозете некому или себеси. Таа ги расобу децата и им ги триеше премрзнатите нозе. Тој ги расобу новите чевли. ● се ~ Собуе обувки или чорапи од своите нозе. Сите гости се расобуја пред врата и боси влегуваа во куќата. Сите верници ќе се расобуеја пред вратата на џамијата. ‖ (се) расобува, (се) расобуваат несв. ‖ глаг. им. расобување ср.