расони

Глагол, свршен

Значење на расони:

Разбуди некого, прекине сон, дремка некому. Силен тресок ја расони. Таа ги расони домашните. Ѕвонењето на телефонот ме расони.

Коњугација: расонат.

Изведени зборови:

  • расонување, глаг. им. ср.
  • се ~ расони, Се разбуди, прекине спиење, дремка. Тој се расони среде ноќ. Домашните се расонија. Јас се расонив по второто кафе.
  • (се) расонува, глаг. несв. (се) расонуваат

Оригинални податоци:

расони, расонат св. Разбуди некого, прекине сон, дремка некому. Силен тресок ја расони. Таа ги расони домашните. Ѕвонењето на телефонот ме расони. ● се ~ Се разбуди, прекине спиење, дремка. Тој се расони среде ноќ. Домашните се расонија. Јас се расонив по второто кафе. ‖ (се) расонува, (се) расонуваат несв. ‖ глаг. им. расонување ср.