распадне се

Глагол, свршен

Значење на распадне се:

1. Загуби целост, единственост, се уништи. Од невремето оградата се распадна. Фасадите од зградите се распаднаа од земјотресот.

2. Престане да функционира, престане да постои како единство. Толпата (групата) се распадна. Нивното семејство се распадна.

3. Се разедини. Југословенската заедница се распадна на неколку самостојни држави. Претпријатието се распадна на неколку мали фирми.

4. Се разложи на составни елементи. Во мал број случаи фруктозата ќе се распадне во две киселини.

5. Изгние, се растури, се разложи. Трупот се распадна за две недели. Ногата му се распадна од смрзнатините.

Коњугација: (ќе) се распаднеа , (ќе) се распаднел, (ќе) се распаднеше , распаднат , распаднете се , распадни се , се распадна , се распаднаа , се распаднал , се распаднат .

Изведени зборови:

  • распаднување, глаг. им. ср.
  • се распаднува, глаг. несв. се распаднуваат

Оригинални податоци:

распадне се, се распаднат; распадни се, распаднете се; се распадна, се распаднаа; се распаднал; распаднат; (ќе) се распаднеше, (ќе) се распаднеа; (ќе) се распаднел св. 1. Загуби целост, единственост, се уништи. Од невремето оградата се распадна. Фасадите од зградите се распаднаа од земјотресот. 2. Престане да функционира, престане да постои како единство. Толпата (групата) се распадна. Нивното семејство се распадна. 3. Се разедини. Југословенската заедница се распадна на неколку самостојни држави. Претпријатието се распадна на неколку мали фирми. 4. Се разложи на составни елементи. Во мал број случаи фруктозата ќе се распадне во две киселини. 5. Изгние, се растури, се разложи. Трупот се распадна за две недели. Ногата му се распадна од смрзнатините. ‖ се распаднува, се распаднуваат несв. ‖ глаг. им. распаднување ср.