распали

Глагол, свршен

Значење на распали:

1. Направи да стане оган, да почне нешто да гори; запали, разгори. Таа го распали огнот. Коледарите распалија голем оган. Тој ја распали печката.

2. (прен.) Поттикне, возбуди, воодушеви, засили во некого некое силно чувство или енергија. Тренерот ги распали спортистите. Пејачката ја распали многубројната публика.

Коњугација: распалат.

Изведени зборови:

  • распалување, глаг. им. ср.
  • се ~ распали, 1. Се разгори, почне да гори со посилен интензитет. Дрвата се распалија. Огнот се распали. 2. (прен.) а) Силно изрази чувство на незадоволство, се разгневи, се разлути. Момчето се распали кога ја виде девојката во туѓа прегратка. б) За расположение, за атмосфера ‒ стане многу весело и разиграно; се расположи, се развесели; се воодушеви, се возбуди со засилен интензитет. Тој се распали кога го слушна нејзиното пеење. Веселбата се распали. Атмосферата на стадионот се распали.
  • (се) распалува, глаг. несв. (се) распалуваат

Оригинални податоци:

распали, распалат св. 1. Направи да стане оган, да почне нешто да гори; запали, разгори. Таа го распали огнот. Коледарите распалија голем оган. Тој ја распали печката. 2. (прен.) Поттикне, возбуди, воодушеви, засили во некого некое силно чувство или енергија. Тренерот ги распали спортистите. Пејачката ја распали многубројната публика. ● се ~ 1. Се разгори, почне да гори со посилен интензитет. Дрвата се распалија. Огнот се распали. 2. (прен.) а) Силно изрази чувство на незадоволство, се разгневи, се разлути. Момчето се распали кога ја виде девојката во туѓа прегратка. б) За расположение, за атмосфера ‒ стане многу весело и разиграно; се расположи, се развесели; се воодушеви, се возбуди со засилен интензитет. Тој се распали кога го слушна нејзиното пеење. Веселбата се распали. Атмосферата на стадионот се распали. ‖ (се) распалува, (се) распалуваат несв. ‖ глаг. им. распалување ср.