распамети

Глагол, свршен

Значење на распамети:

Извади од памет, избезуми некого, уплаши некого со своите постапки до поулавување. Таа ги распамети децата со својата строгост. Момчето ги распамети родителите.

Коњугација: распаметат.

Изведени зборови:

  • распаметување, глаг. им. ср.
  • се ~ распамети, Изгуби памет, моќ за расудување, се избезуми, се споулави, изгуби можност за свесно дејствување. Кога слушна што се случило, тој се распамети. Родителите се распаметија од тага.
  • (се) распаметува, глаг. несв. (се) распаметуваат

Оригинални податоци:

распамети, распаметат св. Извади од памет, избезуми некого, уплаши некого со своите постапки до поулавување. Таа ги распамети децата со својата строгост. Момчето ги распамети родителите. ● се ~ Изгуби памет, моќ за расудување, се избезуми, се споулави, изгуби можност за свесно дејствување. Кога слушна што се случило, тој се распамети. Родителите се распаметија од тага. ‖ (се) распаметува, (се) распаметуваат несв. ‖ глаг. им. распаметување ср.