распасе се

Глагол, свршен

Значење на распасе се:

1. За тревопасно животно ‒ почне да пасе многу, брзо, лакомо. Овците се распасле по туѓи ниви.

2. За кобила ‒ добие полов нагон.

Коњугација: (ќе) се распасеа , (ќе) се распасел , (ќе) се распаселе , (ќе) се распасеше , распасен, се распасат , се распасе , се распасле , се распасоа , се распасол .

Изведени зборови:

  • се распасува, глаг. несв. се распасуваат

Оригинални податоци:

распасе се, се распасат; се распасе, се распасоа; се распасол, се распасле; (ќе) се распасеше, (ќе) се распасеа; (ќе) се распасел, (ќе) се распаселе; распасен св. (само 3 л.) 1. За тревопасно животно ‒ почне да пасе многу, брзо, лакомо. Овците се распасле по туѓи ниви. 2. За кобила ‒ добие полов нагон. ‖ се распасува, се распасуваат несв.