распаше

Глагол, свршен

Значење на распаше:

1. Симне појас од некого или од себе. Таа го распаша мажот. Тој го распаша појасот.

2. (прен.) Дозволи некој да се распушти, да се однесува премногу слободно. Тој многу ги распашал децата.

Коњугација: (ќе) распашеа , (ќе) распашев , (ќе) распашел, распашаа , распашав , распашал , распашан , распашат , распашете , распаши .

Изведени зборови:

  • распашување, глаг. им. ср.
  • се ~ распаше, 1. Симне појас од себе, се раскомоти. Тој се распаша и седна на софата. 2. (прен.) Се разузди, стане премногу слободен, распуштен. Домашните многу се распашале. Многу се распашале, никој ништо не слуша.
  • (се) распашува, глаг. несв. (се) распашуваат

Оригинални податоци:

распаше, распашат; распаши, распашете; распашав, распашаа; распашал; распашан; (ќе) распашев, (ќе) распашеа; (ќе) распашел св. 1. Симне појас од некого или од себе. Таа го распаша мажот. Тој го распаша појасот. 2. (прен.) Дозволи некој да се распушти, да се однесува премногу слободно. Тој многу ги распашал децата. ● се ~ 1. Симне појас од себе, се раскомоти. Тој се распаша и седна на софата. 2. (прен.) Се разузди, стане премногу слободен, распуштен. Домашните многу се распашале. Многу се распашале, никој ништо не слуша. ‖ (се) распашува, (се) распашуваат несв. ‖ глаг. им. распашување ср.