распердуши

Глагол, свршен

Значење на распердуши:

1. Симне, отстрани, искубе пердуви ‒ обично за птица. Таа ги распердуши кокошките. Кучето ја распердуши гуската.

2. (прен.) Раскубе, иситни нешто на ситни делови. Децата го распердушија креветот. Таа ја распердуши перницата.

Коњугација: распердушат.

Изведени зборови:

  • распердушува, глаг. несв. распердушуваат
  • распердушување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

распердуши, распердушат св. 1. Симне, отстрани, искубе пердуви ‒ обично за птица. Таа ги распердуши кокошките. Кучето ја распердуши гуската. 2. (прен.) Раскубе, иситни нешто на ситни делови. Децата го распердушија креветот. Таа ја распердуши перницата. ‖ распердушува, распердушуваат несв. ‖ глаг. им. распердушување ср.