распише

Глагол, свршен

Значење на распише:

1. Објави по писмен пат. Институтот распиша конкурс за асистенти. Министерството распиша конкурс за нови проекти.

2. За молив, пенкало и сл. ‒ направи да почне да пишува. Тој за неколку минути го распиша пенкалото.

Коњугација: (ќе) распишеа , (ќе) распишев , (ќе) распишел, распишаа , распишав , распишал , распишан , распишат , распишете , распиши .

Изведени зборови:

  • распишување, глаг. им. ср.
  • се ~ распише, 1. Почне интензивно да пишува, да твори со пишување, се занесе во пишување. По една година и тој се распиша. 2. За пенкало, молив и сл. ‒ почне да пишува. Пенкалото се распиша.
  • (се) распишува, глаг. несв. (се) распишуваат

Оригинални податоци:

распише, распишат; распиши, распишете; распишав, распишаа; распишал; распишан; (ќе) распишев, (ќе) распишеа; (ќе) распишел св. 1. Објави по писмен пат. Институтот распиша конкурс за асистенти. Министерството распиша конкурс за нови проекти. 2. За молив, пенкало и сл. ‒ направи да почне да пишува. Тој за неколку минути го распиша пенкалото. ● се ~ 1. Почне интензивно да пишува, да твори со пишување, се занесе во пишување. По една година и тој се распиша. 2. За пенкало, молив и сл. ‒ почне да пишува. Пенкалото се распиша. ‖ (се) распишува, (се) распишуваат несв. ‖ глаг. им. распишување ср.