распита

Глагол, свршен

Значење на распита:

1. (ретко) Праша, распраша, испраша за да дознае нешто. Тој ги распита децата за неа. Таа распита каде има продавница. Тие распитале за мене.

2. Изврши истрага со сослушување, со распит. Уште вечерта ги распитаа сите сведоци. Прво ги распитаа осомничените, а потоа другите.

Коњугација: распитаат.

Изведени зборови:

  • распитување, глаг. им. ср.
  • се ~ распита, Се распраша за нешто или за некого. Тој се распита за девојката.
  • (се) распитува, глаг. несв. (се) распитуваат

Оригинални податоци:

распита, распитаат св. 1. (ретко) Праша, распраша, испраша за да дознае нешто. Тој ги распита децата за неа. Таа распита каде има продавница. Тие распитале за мене. 2. Изврши истрага со сослушување, со распит. Уште вечерта ги распитаа сите сведоци. Прво ги распитаа осомничените, а потоа другите. ● се ~ Се распраша за нешто или за некого. Тој се распита за девојката. ‖ (се) распитува, (се) распитуваат несв. ‖ глаг. им. распитување ср.