расплаче

Глагол, свршен

Значење на расплаче:

1. Направи некој да почне да плаче. Таа ги расплака присутните. Тој прво ќе ги расплаче децата, а потоа ги задева.

2. (прен.) Зацрни, унесреќи некого, стори некому зло. Животот ги расплакал. Многу мајки има расплакано.

Коњугација: (ќе) расплачеа , (ќе) расплачев , (ќе) расплачел , расплакаа , расплакав , расплакал , расплакан , расплачат , расплачен, расплачете , расплачи .

Изведени зборови:

  • се ~ расплаче, 1. Плаче со засилен интензитет. Децата силно ќе се расплачат кога ќе слушнат што се случило. Таа се расплака кога го виде. 2. (прен.) Се растажи, се разжали. Се расплаче цела куќа. Небото се расплаче.
  • (се) расплачува, глаг. несв. (се) расплачуваат--(се) расплакува, (се) расплакуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Мајката му ја расплака ‒ уништи некого, направи да биде несреќен и беден.

Оригинални податоци:

расплаче, расплачат; расплачи, расплачете; расплакав, расплакаа; расплакал; расплакан; (ќе) расплачев, (ќе) расплачеа; (ќе) расплачел; расплачен св. 1. Направи некој да почне да плаче. Таа ги расплака присутните. Тој прво ќе ги расплаче децата, а потоа ги задева. 2. (прен.) Зацрни, унесреќи некого, стори некому зло. Животот ги расплакал. Многу мајки има расплакано. ● се ~ 1. Плаче со засилен интензитет. Децата силно ќе се расплачат кога ќе слушнат што се случило. Таа се расплака кога го виде. 2. (прен.) Се растажи, се разжали. Се расплаче цела куќа. Небото се расплаче. ◊ Мајката му ја расплака ‒ уништи некого, направи да биде несреќен и беден. ‖ (се) расплачува, (се) расплачуваат/(се) расплакува, (се) расплакуваат несв. ‖ глаг. им. расплачување/расплакување ср.