распламти

Глагол, свршен

Значење на распламти:

1. Направи нешто да почне силно да гори; разгори, распали. Ветрот го распламти огнот. Тој со малку нафта го распламти огнот во печката.

2. (прен.) Поттикне, засили, разгори, распали во некого некое чувство. Убавата изведба ја распламти публиката. Тој ги распламти присутните со своите уверливи убедувања.

Коњугација: распламтат.

Изведени зборови:

  • распламтување, глаг. им. ср.
  • се ~ распламти, 1. Се разгори, се распали, почне силно да гори. Огнот се распламти. 2. (прен.) а) За човек ‒ доживее силни емоции. Нашиот соговорник силно се распламти. б) За некаква состојба или активност, за општо расположение ‒ се разгори, добие на интензитет. Борбата се распламти. Востанието се распламти.
  • (се) распламтува, глаг. несв. (се) распламтуваат

Оригинални податоци:

распламти, распламтат св. 1. Направи нешто да почне силно да гори; разгори, распали. Ветрот го распламти огнот. Тој со малку нафта го распламти огнот во печката. 2. (прен.) Поттикне, засили, разгори, распали во некого некое чувство. Убавата изведба ја распламти публиката. Тој ги распламти присутните со своите уверливи убедувања. ● се ~ 1. Се разгори, се распали, почне силно да гори. Огнот се распламти. 2. (прен.) а) За човек ‒ доживее силни емоции. Нашиот соговорник силно се распламти. б) За некаква состојба или активност, за општо расположение ‒ се разгори, добие на интензитет. Борбата се распламти. Востанието се распламти. ‖ (се) распламтува, (се) распламтуваат несв. ‖ глаг. им. распламтување ср.