расплет

Именка, машки род

Значење на расплет:

1. Расчистување, размрсување на нешто, разврска. Таа го очекуваше расплетот од целата ова необична ситуација.

2. (лит.) Завршниот дел на дејството во некои литературни видови, особено во драмата во кој доаѓа до решение на заплетот; заплет. Расплетот на делото. Трагичен расплет.

Множина: расплети.

Оригинални податоци:

расплет, мн. расплети м. 1. Расчистување, размрсување на нешто, разврска. Таа го очекуваше расплетот од целата ова необична ситуација. 2. (лит.) Завршниот дел на дејството во некои литературни видови, особено во драмата во кој доаѓа до решение на заплетот; спрот. заплет. Расплетот на делото. Трагичен расплет.