расплете

Глагол, свршен

Значење на расплете:

1. Растури нешто сплетено. Таа го расплете волнениот шал. Тој ги расплете јажињата.

2. За коса ‒ ја отплете. Девојчето ја расплете косата. Таа си ги расплете плетенките.

3. (прен.) Расчисти, најде расплет, размрси ситуација, настан и сл. Тие го расплетоа и овој проблематичен случај.

Коњугација: (ќе) расплетеа , (ќе) расплетев , (ќе) расплетел , расплел , расплетат , расплетен, расплетете , расплети , расплетоа , расплетов .

Изведени зборови:

  • расплетување, глаг. им. ср.
  • се ~ расплете, 1. Се растури, се отплете самото по себе нешто сплетено или замрсено. Ракавиците се расплетоа. Шалот се расплете на две места. Конците се расплетоа. Јазлите се расплетоа. 2. Почне многу да плете. Девојчињата се расплетоа. Секогаш кога е нервозна, таа ќе се расплете. 3. (прен.) Се размрси, се расчисти, се разјасни, се реши. Настанот се расплете. Ситуацијата конечно се расплете.
  • (се) расплетува, глаг. несв. (се) расплетуваат

Оригинални податоци:

расплете, расплетат; расплети, расплетете; расплетов, расплетоа; расплел; (ќе) расплетев, (ќе) расплетеа; (ќе) расплетел; расплетен св. 1. Растури нешто сплетено. Таа го расплете волнениот шал. Тој ги расплете јажињата. 2. За коса ‒ ја отплете. Девојчето ја расплете косата. Таа си ги расплете плетенките. 3. (прен.) Расчисти, најде расплет, размрси ситуација, настан и сл. Тие го расплетоа и овој проблематичен случај. ● се ~ 1. Се растури, се отплете самото по себе нешто сплетено или замрсено. Ракавиците се расплетоа. Шалот се расплете на две места. Конците се расплетоа. Јазлите се расплетоа. 2. Почне многу да плете. Девојчињата се расплетоа. Секогаш кога е нервозна, таа ќе се расплете. 3. (прен.) Се размрси, се расчисти, се разјасни, се реши. Настанот се расплете. Ситуацијата конечно се расплете. ‖ (се) расплетува, (се) расплетуваат несв. ‖ глаг. им. расплетување ср.