расплиска
Значење на расплиска:
Почне да плиска на разни страни. Децата ја расплискаа водата од коритото.Коњугација: расплискаат.
Изведени зборови:
- расплискување, глаг. им. ср.
- се ~ расплиска, 1. Се испрска, се исплиска. Тие се расплискаа со вода. 2. Се распливне, се разлие течност (вода). Водата се расплиска на сите страни. Брановите се расплискаа.
- (се) расплискува, глаг. несв. (се) расплискуваат
Оригинални податоци:
расплиска, расплискаат св. Почне да плиска на разни страни. Децата ја расплискаа водата од коритото. ● се ~ 1. Се испрска, се исплиска. Тие се расплискаа со вода. 2. Се распливне, се разлие течност (вода). Водата се расплиска на сите страни. Брановите се расплискаа. ‖ (се) расплискува, (се) расплискуваат несв. ‖ глаг. им. расплискување ср.