расплива се

Глагол, свршен

Значење на расплива се:

1. а) Почне да плива повеќе или уште повеќе. Децата се распливаа. Гумените играчки се распливаа по водата. Куќите се распливаа во вода. б) Со вежбање постигне добро, сигурно владеење во пливањето, се подготви, се загрее за пливачки натпревар. Половина час пред натпреварот пливачите се распливаа.

2. За множество (народ, војска итн.) ‒ се појави, се раздвижи на сите страни; пливне 3. Војската се расплива по фронтот.

3. Почне да плива засилено, многу. Тој се расплива на крајот.

Коњугација: се распливаат.

Изведени зборови:

  • распливување, глаг. им. ср.
  • се распливува, глаг. несв. се распливуваат

Оригинални податоци:

расплива се, се распливаат св. 1. а) Почне да плива повеќе или уште повеќе. Децата се распливаа. Гумените играчки се распливаа по водата. Куќите се распливаа во вода. б) Со вежбање постигне добро, сигурно владеење во пливањето, се подготви, се загрее за пливачки натпревар. Половина час пред натпреварот пливачите се распливаа. 2. За множество (народ, војска итн.) ‒ се појави, се раздвижи на сите страни; сп. пливне 3. Војската се расплива по фронтот. 3. Почне да плива засилено, многу. Тој се расплива на крајот. ‖ се распливува, се распливуваат несв. ‖ глаг. им. распливување ср.