распне

Глагол, свршен

Значење на распне:

1. Оптегне, растегне (платно, шатор и сл.) од сите страни; постави на определен локалитет, на определена позиција. Рибарите ги распнаа мрежите. Тој го распна шаторот на една полјана.

2. (истор.) Прикове, прицврсти на крст. Тие го распнаа Христос на крст. Римјаните ги распнале бунтовниците на крстови.

3. (прен.) Измачи, растргне психички и материјално. Работата ја распна кутрата жена. Тој го распна татка си со тоа што постојано бараше пари.

Коњугација: (ќе) распнеа , (ќе) распнев , (ќе) распнел, распнаа , распнав , распнал , распнат , распнат , распнете , распни .

Изведени зборови:

  • се ~ распне, 1. Се оптегне, се растегне на сите страни. Од ветрот се распнаа едрата. 2. (прен.) Се измачи, се намачи многу. Ние се распнавме од работа. Таа се распна на сите страни.
  • (се) распнува, глаг. несв. (се) распнуваат--(се) распина, (се) распинаат

Оригинални податоци:

распне, распнат; распни, распнете; распнав, распнаа; распнал; распнат; (ќе) распнев, (ќе) распнеа; (ќе) распнел св. 1. Оптегне, растегне (платно, шатор и сл.) од сите страни; постави на определен локалитет, на определена позиција. Рибарите ги распнаа мрежите. Тој го распна шаторот на една полјана. 2. (истор.) Прикове, прицврсти на крст. Тие го распнаа Христос на крст. Римјаните ги распнале бунтовниците на крстови. 3. (прен.) Измачи, растргне психички и материјално. Работата ја распна кутрата жена. Тој го распна татка си со тоа што постојано бараше пари. ● се ~ 1. Се оптегне, се растегне на сите страни. Од ветрот се распнаа едрата. 2. (прен.) Се измачи, се намачи многу. Ние се распнавме од работа. Таа се распна на сите страни. ‖ (се) распнува, (се) распнуваат/(се) распина, (се) распинаат несв. ‖ глаг. им. распнување/распинање ср.