расположен

Придавка

Значење на расположен:

1. Што е во добро расположение, развеселен, задоволен и сл. Расположени гости. Расположено население.

2. Што има наклоност, поволен став, што покажува добра волја кон некого или кон нешто. Сите се расположени да му помогнат. Не се расположени да го прифатат предлогот.

3. Сместен, поставен и сл. Градот е расположен од двете страни на реката.

Членувана форма: расположениот.

Изведени зборови:

  • расположеност, и. ж.

Оригинални податоци:

расположен, расположениот прид. 1. Што е во добро расположение, развеселен, задоволен и сл. Расположени гости. Расположено население. 2. Што има наклоност, поволен став, што покажува добра волја кон некого или кон нешто. Сите се расположени да му помогнат. Не се расположени да го прифатат предлогот. 3. Сместен, поставен и сл. Градот е расположен од двете страни на реката. ‖ расположеност ж.