распопи

Глагол, свршен

Значење на распопи:

Лиши некого од свештенички чин; По овој настан црквата го распопила. Тие му се заканиле дека ќе го распопат.

Коњугација: распопат.

Изведени зборови:

  • распопување, глаг. им. ср.
  • се ~ распопи, Се откаже од свештенички чин, од попство. Тој се распопи по неколку години.
  • (се) распопува, глаг. несв. (се) распопуваат

Оригинални податоци:

распопи, распопат св. Лиши некого од свештенички чин; спрот. запопи. По овој настан црквата го распопила. Тие му се заканиле дека ќе го распопат. ● се ~ Се откаже од свештенички чин, од попство. Тој се распопи по неколку години. ‖ (се) распопува, (се) распопуваат несв. ‖ глаг. им. распопување ср.