распореди

Глагол, свршен

Значење на распореди:

1. Направи распоред, сложи во определен ред; распредели групирајќи. Таа ги распореди книгите на полицата. Таа ги распореди учениците во две групи.

2. Определи нечија локација, смести на некаква должност; размести, расположи. Момчето го распоредија на граница. Неа ја распоредија да учителствува во едно планинско село. Тој ја распореди војската по должината на реката.

Коњугација: распоредат.

Изведени зборови:

  • распоредување, глаг. им. ср.
  • се ~ распореди, Се постави во определена позиција, се сложи во определен ред. Децата се распоредија наоколу. Војниците се распоредија на своите позиции.
  • (се) распоредува, глаг. несв. (се) распоредуваат

Оригинални податоци:

распореди, распоредат св. 1. Направи распоред, сложи во определен ред; распредели групирајќи. Таа ги распореди книгите на полицата. Таа ги распореди учениците во две групи. 2. Определи нечија локација, смести на некаква должност; размести, расположи. Момчето го распоредија на граница. Неа ја распоредија да учителствува во едно планинско село. Тој ја распореди војската по должината на реката. ● се ~ Се постави во определена позиција, се сложи во определен ред. Децата се распоредија наоколу. Војниците се распоредија на своите позиции. ‖ (се) распоредува, (се) распоредуваат несв. ‖ глаг. им. распоредување ср.