распори

Глагол, свршен

Значење на распори:

1. Разреже, расече. Месарот го распори мевот на свињата. Момчето ја распори кошулата. Тој ги распори панталоните.

2. (прен.) За силен глас, звук и сл. ‒ прекине некаква состојба, тишина и сл. Крик на тажна птица ја распори тишината.

3. (прен.) Причини душевна болка. Таа им го распори срцето на родителите. Тагата ѝ го распори срцето.

Коњугација: распорат.

Изведени зборови:

  • распорување, глаг. им. ср.
  • се ~ распори, 1. Се расече, се разреже, се исече самиот себеси. Тој се распори со ножот. 2. Се искине по работ, шевот само од себе. Здолништето ѝ се распори отстрана.
  • (се) распорува, глаг. несв. (се) распоруваат

Оригинални податоци:

распори, распорат св. 1. Разреже, расече. Месарот го распори мевот на свињата. Момчето ја распори кошулата. Тој ги распори панталоните. 2. (прен.) За силен глас, звук и сл. ‒ прекине некаква состојба, тишина и сл. Крик на тажна птица ја распори тишината. 3. (прен.) Причини душевна болка. Таа им го распори срцето на родителите. Тагата ѝ го распори срцето. ● се ~ 1. Се расече, се разреже, се исече самиот себеси. Тој се распори со ножот. 2. Се искине по работ, шевот само од себе. Здолништето ѝ се распори отстрана. ‖ (се) распорува, (се) распоруваат несв. ‖ глаг. им. распорување ср.