распосее

Глагол, свршен

Значење на распосее:

Посее на поширок простор, насекаде; разнесе, растури на сите страни; расее, посее.

Коњугација: (ќе) распосеев , (ќе) распосееја , (ќе) распосеел , распосеав , распосеаја , распосеал , распосеан , распосеат , распосеен, распосеј , распосејте .

Изведени зборови:

  • распосева, глаг. несв. распосеваат--распосејува, распосејуваат

Оригинални податоци:

распосее, распосеат; распосеј, распосејте; распосеав, распосеаја; распосеал; распосеан; (ќе) распосеев, (ќе) распосееја; (ќе) распосеел; распосеен св. Посее на поширок простор, насекаде; разнесе, растури на сите страни; расее, посее. ‖ распосева, распосеваат/распосејува, распосејуваат несв. ‖ глаг. им. распосевање/распосејување ср.