расповие
Значење на расповие:
Симне повои, пелени; Таа неколку пати во денот го расповива бебето.Коњугација: (ќе) расповиев , (ќе) расповиеја , (ќе) расповиел , расповив , расповиен, расповиј , расповија , расповијат , расповијте , расповил .
Изведени зборови:
- расповивање, глаг. им. ср.
- (се) расповива, глаг. несв. (се) расповиваат
- се ~ расповие, Се слече, се симне повои, пелени самото од себеси. Бебето многу клоцаше и се распови.
Оригинални податоци:
расповие, расповијат; расповиј, расповијте; расповив, расповија; расповил; (ќе) расповиев, (ќе) расповиеја; (ќе) расповиел; расповиен св. Симне повои, пелени; спрот. повие. Таа неколку пати во денот го расповива бебето. ● се ~ Се слече, се симне повои, пелени самото од себеси. Бебето многу клоцаше и се распови. ‖ (се) расповива, (се) расповиваат несв. ‖ глаг. им. расповивање ср.