распределба

Именка, женски род

Значење на распределба:

1. Разместување, распоред, поставување ред. Таа направи распределба во групи според возраста. Новата распределба во станот не му се допадна.

2. (екон.) Фаза, процес кога се распределува готовиот производ за заедничка (општествена) и лична потрошувачка. Распределба на средства. Распределба на лични доходи. Распределба на добивка.

Множина: распределби.

Оригинални податоци:

распределба, мн. распределби ж. 1. Разместување, распоред, поставување ред. Таа направи распределба во групи според возраста. Новата распределба во станот не му се допадна. 2. (екон.) Фаза, процес кога се распределува готовиот производ за заедничка (општествена) и лична потрошувачка. Распределба на средства. Распределба на лични доходи. Распределба на добивка.