распредели

Глагол, свршен

Значење на распредели:

1. Раздели нешто меѓу мнозина по определен ред. Тој го распредели имотот на децата. Таа ги распредели парите на хуманитарни организации. Наставникот им ги распредели темите на учениците.

2. Сложи по определен ред, распореди, размести, класира. Таа ги распредели учениците во две групи.

Коњугација: распределат.

Изведени зборови:

  • распределување, глаг. им. ср.
  • се ~ распредели, Се размести, се распореди. Присутните се распределија низ салата. Ние се распределивме на две групи.
  • (се) распределува, глаг. несв. (се) распределуваат

Оригинални податоци:

распредели, распределат св. 1. Раздели нешто меѓу мнозина по определен ред. Тој го распредели имотот на децата. Таа ги распредели парите на хуманитарни организации. Наставникот им ги распредели темите на учениците. 2. Сложи по определен ред, распореди, размести, класира. Таа ги распредели учениците во две групи. ● се ~ Се размести, се распореди. Присутните се распределија низ салата. Ние се распределивме на две групи. ‖ (се) распределува, (се) распределуваат несв. ‖ глаг. им. распределување ср.