распрета

Глагол, свршен

Значење на распрета:

1. а) Разгрне, отстрани пепел од жар или од тоа што се пече под пепелта. Таа ја распрета жарта и го потпали огнот. Таа ја распрета пепелта и ги извади уште врели компирите. б) Разгрне нешто покриено со земја, со песок, со снег и сл. Тие го распретаа патот од снегот. в) Со претање растури нешто. Кокошките го распретале ѓубрето во дворот.

2. (прен.) Ослободи, отстрани некаков притисок. Тој ги распрета своите скриени чувства.

Коњугација: распретаат.

Изведени зборови:

  • распретување, глаг. им. ср.
  • се ~ распрета, 1. Почне брзо да прета, да разгрнува, да расчепкува нешто. Кокошките се распретале по буништето. Одеднаш тој се распрета со нозете и со рацете. Девојчето се распретало по куќата, но ништо не најде. 2. (прен.) Се спротивстави, се побуни многу; сп. прета 4. Тие се распретале како да делат имот.
  • (се) распретува, глаг. несв. (се) распретуваат

Оригинални податоци:

распрета, распретаат св. 1. а) Разгрне, отстрани пепел од жар или од тоа што се пече под пепелта. Таа ја распрета жарта и го потпали огнот. Таа ја распрета пепелта и ги извади уште врели компирите. б) Разгрне нешто покриено со земја, со песок, со снег и сл. Тие го распретаа патот од снегот. в) Со претање растури нешто. Кокошките го распретале ѓубрето во дворот. 2. (прен.) Ослободи, отстрани некаков притисок. Тој ги распрета своите скриени чувства. ● се ~ 1. Почне брзо да прета, да разгрнува, да расчепкува нешто. Кокошките се распретале по буништето. Одеднаш тој се распрета со нозете и со рацете. Девојчето се распретало по куќата, но ништо не најде. 2. (прен.) Се спротивстави, се побуни многу; сп. прета 4. Тие се распретале како да делат имот. ‖ (се) распретува, (се) распретуваат несв. ‖ глаг. им. распретување ср.