распродаде

Глагол, свршен

Значење на распродаде:

1. Продаде сè, докрај, обично по пониска цена. Билетите ги распродадовме веднаш. Таа ја распродаде летната конфекција.

2. (прен.) Изневери некого или нешто, отуѓи, изврши предавство, предаде. Тие ја распродадоа државата.

Коњугација: (ќе) распродадеа , (ќе) распродадев , (ќе) распродадел , распродадат , распродаден, распродадоа , распродадов , распродај , распродајте , распродал .

Оригинални податоци:

распродаде, распродадат; распродај, распродајте; распродадов, распродадоа; распродал; (ќе) распродадев, (ќе) распродадеа; (ќе) распродадел; распродаден св. 1. Продаде сè, докрај, обично по пониска цена. Билетите ги распродадовме веднаш. Таа ја распродаде летната конфекција. 2. (прен.) Изневери некого или нешто, отуѓи, изврши предавство, предаде. Тие ја распродадоа државата.