распространи

Глагол, свршен

Значење на распространи:

1. Направи нешто да зафати голем простор, прошири, рашири. Тој го распространи својот имот.

2. Рашири опсег, направи нешто да биде достапно, познато, присутно нашироко, на разни страни. Тие го распространија своето учење. Тој ја распространи својата власт.

Коњугација: распространат.

Изведени зборови:

  • распространување, глаг. им. ср.
  • се ~ распространи, 1. Стане простран или уште попростран, зафати определен простор. Реката се распространи по целата долина. 2. Се рашири, се разнесе на разни страни, насекаде. Свинскиот грип се распространи насекаде.
  • (се) распространува, глаг. несв. (се) распространуваат

Оригинални податоци:

распространи, распространат св. 1. Направи нешто да зафати голем простор, прошири, рашири. Тој го распространи својот имот. 2. Рашири опсег, направи нешто да биде достапно, познато, присутно нашироко, на разни страни. Тие го распространија своето учење. Тој ја распространи својата власт. ● се ~ 1. Стане простран или уште попростран, зафати определен простор. Реката се распространи по целата долина. 2. Се рашири, се разнесе на разни страни, насекаде. Свинскиот грип се распространи насекаде. ‖ (се) распространува, (се) распространуваат несв. ‖ глаг. им. распространување ср.