распули

Глагол, свршен

Дијалектен збор.

Значење на распули:

Загледа, разгледа убаво, гледа со зголемен интерес кон нешто. Пред да го земеш фустанот, распули го убаво. Тој го распули девојчето од сите страни.

Коњугација: распулат.

Изведени зборови:

  • распулување, глаг. им. ср.
  • се ~ распули, Се загледа убаво. Тие се распулиле во девојката. Таа се распули на сите страни.
  • (се) распулува, глаг. несв. (се) распулуваат

Оригинални податоци:

распули, распулат св. (дијал.) Загледа, разгледа убаво, гледа со зголемен интерес кон нешто. Пред да го земеш фустанот, распули го убаво. Тој го распули девојчето од сите страни. ● се ~ Се загледа убаво. Тие се распулиле во девојката. Таа се распули на сите страни. ‖ (се) распулува, (се) распулуваат несв. ‖ глаг. им. распулување ср.