распушти

Глагол, свршен

Значење на распушти:

1. Пушти на одмор, дозволи да се разотидат, ослободи од некаква дејност. Министерството ги распушти училиштата. Генералот ја распушти војската. Тие ги распуштија работниците од погонот.

2. Пушти, разлабави. Таа ја распушти косата слободно да паѓа на рамената. Тој ја распушти вратоврската. Таа го распушти коланот.

3. (прен.) Разгали, дозволи некој да биде недисциплиниран, невоспитан и сл. Тие ги распуштиле децата.

Коњугација: распуштат.

Изведени зборови:

  • се ~ распушти, 1. Се разотиде, се прекине, се престане со некаква работа, дејност. Денес учениците се распуштија. Ние се распуштивме неколку дена порано. 2. Се растегне, стане разлабавено. Џемперот многу се распушти по првото перење. 3. (прен.) Стане своеволен, недисциплиниран, непослушен, неуреден. Таа многу се распушти. Тие се распуштиле по кафеани до раните утрински часови.

Оригинални податоци:

распушти, распуштат св. 1. Пушти на одмор, дозволи да се разотидат, ослободи од некаква дејност. Министерството ги распушти училиштата. Генералот ја распушти војската. Тие ги распуштија работниците од погонот. 2. Пушти, разлабави. Таа ја распушти косата слободно да паѓа на рамената. Тој ја распушти вратоврската. Таа го распушти коланот. 3. (прен.) Разгали, дозволи некој да биде недисциплиниран, невоспитан и сл. Тие ги распуштиле децата. ● се ~ 1. Се разотиде, се прекине, се престане со некаква работа, дејност. Денес учениците се распуштија. Ние се распуштивме неколку дена порано. 2. Се растегне, стане разлабавено. Џемперот многу се распушти по првото перење. 3. (прен.) Стане своеволен, недисциплиниран, непослушен, неуреден. Таа многу се распушти. Тие се распуштиле по кафеани до раните утрински часови.