расте

Глагол, несвршен

Значење на расте:

1. Станува поголем како резултат на животниот процес на развој. Децата растеа бргу. Во градината растеше бел јоргован.

2. Никнува, почнува да расте, за првпат се појавува. По четвртиот месец од животот на бебето му растат првите заби. На јарето му пораснаа мали бели рокчиња.

3. Минува детство или рани години од животот во некакви услови. Девојчето растеше без родители. Ние растевме во дом. Тие растеа во иста улица.

4. За растение ‒ вирее, се развива, успева. Пиперката и доматот растат на овие простори. Печурките растат на влажни места.

5. Се зголемува по број, обем или размер. Бројот на заболените расте. Производството на тутунот расте. Тестото растеше и за 15 минути стаса. Температурите растат.

6. (прен.) Се усовршува, се развива, се издига, добива поголема вредност. Угледот му растеше. Таа растеше пред очите на публиката. Неговата популарност расте.

Коњугација: расле, растат , растеа , растев , растејќи , растел , растен , растете , расти , растоа , растов , растол .

Изведени зборови:

  • растење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

расте, растат; расти, растете; растев, растеа; растел; растен; растејќи; растов, растоа; растол, расле несв. 1. Станува поголем како резултат на животниот процес на развој. Децата растеа бргу. Во градината растеше бел јоргован. 2. Никнува, почнува да расте, за првпат се појавува. По четвртиот месец од животот на бебето му растат првите заби. На јарето му пораснаа мали бели рокчиња. 3. Минува детство или рани години од животот во некакви услови. Девојчето растеше без родители. Ние растевме во дом. Тие растеа во иста улица. 4. За растение ‒ вирее, се развива, успева. Пиперката и доматот растат на овие простори. Печурките растат на влажни места. 5. Се зголемува по број, обем или размер. Бројот на заболените расте. Производството на тутунот расте. Тестото растеше и за 15 минути стаса. Температурите растат. 6. (прен.) Се усовршува, се развива, се издига, добива поголема вредност. Угледот му растеше. Таа растеше пред очите на публиката. Неговата популарност расте. ‖ глаг. им. растење ср.