растеглив

Придавка

Значење на растеглив:

1. Што се растега, што може да се растегне. Растегливи ткаенини. Растеглива пружина. Многу растеглива гума.

2. (прен.) Приспособлив, што не е строго определен, што може да се сфаќа, да се толкува на различни начини. Растегливи одговори. Растеглив поетски израз.

3. (прен.) Попустлив, толерантен, флексибилен. Растегливо однесување.

Членувана форма: растегливиот.

Изведени зборови:

  • растегливо, прил. кон зн. 2. Таа толкуваше растегливо таму каде што беше јасно определено.
  • растегливост, и. ж.

Оригинални податоци:

растеглив, растегливиот прид. 1. Што се растега, што може да се растегне. Растегливи ткаенини. Растеглива пружина. Многу растеглива гума. 2. (прен.) Приспособлив, што не е строго определен, што може да се сфаќа, да се толкува на различни начини. Растегливи одговори. Растеглив поетски израз. 3. (прен.) Попустлив, толерантен, флексибилен. Растегливо однесување. ‖ растегливо прил. кон зн. 2. Таа толкуваше растегливо таму каде што беше јасно определено. ‖ растегливост ж.