растение

Именка, среден род

Значење на растение:

Организам што се храни со неоргански материи од почвата и од воздухот и што се разликува со својата клеточна структура од животните, според основната поделба на живите организми. Едногодишно растение. Украсно растение. Водни растенија. Во градината имаше различни растенија. Лековити растенија.

Множина: растенија.

Оригинални податоци:

растение, мн. растенија ср. Организам што се храни со неоргански материи од почвата и од воздухот и што се разликува со својата клеточна структура од животните, според основната поделба на живите организми. Едногодишно растение. Украсно растение. Водни растенија. Во градината имаше различни растенија. Лековити растенија.