растопи

Глагол, свршен

Значење на растопи:

1. Стопи, истопи, доведе нешто од тврда во течна или во полутечна состојба. Таа го растопи чоколадото на тивок оган. Високите температури и ветрот го растопија снегот.

2. (прен.) Разнежни, предизвика кај некого убави чувства. Неговите зборови го растопија студеното срце на девојката. Милата насмевка го растопи гневот кај момчето.

Коњугација: растопат.

Изведени зборови:

  • растопување, глаг. им. ср.
  • се ~ растопи, 1. Мине во течна или во полутечна состојба нешто што е во цврста или во замрзната состојба; се стопи, се истопи. Снегот се растопи. Сладоледот се растопи во нејзините раце. Мразот се растопи. 2. Се расчувствува, се разнежни. Нејзиното срце се растопи од серенадата.
  • (се) растопува, глаг. несв. (се) растопуваат

Оригинални податоци:

растопи, растопат св. 1. Стопи, истопи, доведе нешто од тврда во течна или во полутечна состојба. Таа го растопи чоколадото на тивок оган. Високите температури и ветрот го растопија снегот. 2. (прен.) Разнежни, предизвика кај некого убави чувства. Неговите зборови го растопија студеното срце на девојката. Милата насмевка го растопи гневот кај момчето. ● се ~ 1. Мине во течна или во полутечна состојба нешто што е во цврста или во замрзната состојба; се стопи, се истопи. Снегот се растопи. Сладоледот се растопи во нејзините раце. Мразот се растопи. 2. Се расчувствува, се разнежни. Нејзиното срце се растопи од серенадата. ‖ (се) растопува, (се) растопуваат несв. ‖ глаг. им. растопување ср.