растовари

Глагол, свршен

Значење на растовари:

1. Ослободи од товар, симне товар од товарно животно или од превозно средство. Тој го растовари магарето. Тие ги растоварија коњите. Работниците го растоварија камионот. Тие ги растоварија дрвата.

2. (прен.) Ослободи некого (обично во некоја мера) од премногу работа, од обврски, грижи и сл. Таа ги растовари домашните од постојаните грижи.

Коњугација: растоварат.

Изведени зборови:

  • се ~ растовари, 1. (разг.) Се ослободи од товар. Кога дојде дома, тој се растовари од торбите. Таа се растовари и седна. 2. (прен.) Се ослободи од обврски, од грижи. Тој се растовари од маките и од обврските. Тој се растовари од лошите мисли.
  • (се) растоварува, глаг. несв. (се) растоваруваат--(се) растовара, (се) растовараат

Оригинални податоци:

растовари, растоварат св. 1. Ослободи од товар, симне товар од товарно животно или од превозно средство. Тој го растовари магарето. Тие ги растоварија коњите. Работниците го растоварија камионот. Тие ги растоварија дрвата. 2. (прен.) Ослободи некого (обично во некоја мера) од премногу работа, од обврски, грижи и сл. Таа ги растовари домашните од постојаните грижи. ● се ~ 1. (разг.) Се ослободи од товар. Кога дојде дома, тој се растовари од торбите. Таа се растовари и седна. 2. (прен.) Се ослободи од обврски, од грижи. Тој се растовари од маките и од обврските. Тој се растовари од лошите мисли. ‖ (се) растоварува, (се) растоваруваат/(се) растовара, (се) растовараат несв. ‖ глаг. им. растоварување/растоварање ср.